Поради обилните врнежи од дожд со кои деновиве е зафатена Тиквешијата дојде до заматување на водата за пиење од водоводниот систем Лукар, од каде со вода за пиење се снабдуваат жителите на општините Кавадарци, Неготино и Росоман.
Д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци вечерва информира дека граѓаните мора задолжително да ја провриваат водата пред пиење.
„Вршиме редовна контрола на исправноста на водата за пиење. Го мериме и резидуалиот хлор. Вечерва утврдивме дека нема присуство на хлор во водата. Поради тоа започнавме со максимално хлорирање со двата дозера. Препораката е водата пред пиење да се проврива се додека не се утврди потребното ниво на хлор“ рече д-р Ризов.
При секој пороен дожд водата од Лукар е заматена и е потребно пред пиење да се проврива.
А.Д

Додади коментар