Поради обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден и наглото топење на снегот на Кожув, заматена е водата за пиење од системот Лукар. Жителите на Кавадарци, Неготино и Росоман кои се снабдуваат со вода од Лукар мораат задолжително да вршат провривање на водата пред истата да ја пијат – велат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Денешните мерења на резидуалниот хлор во водата покаажа отсуство на истиот, а тој ни е показател до каде е завршена дезинфекцијата на водата. Бидејќи хлорот е отустен побаравме ЈП Комуналец да го зголеми хлорирањето на водата во хлоринаторната станица. Наша екипа излезе на терен зема мостри за анализа. Резултатите за исправноста на водата ќе бидат готови за 48 часа“ вели д-р Трајче Ризов – специјалист по хигиена при Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Тој нагласува дека препораката за задолжително провривање на водата ќе биде на сила се до првите резултати за исравноста на водата.
А.Д
Додади коментар