Водата е исправна, нема потреба од превривање
16-03-2016 РЕГИОН

Утринските мерења на водата за пиење  што ги врши Центарот за јавно здравје покажаа исправни параметри на водата за пиење од водоводниот систем Лукар. Ова значи дека состојбата со водата за пиење по заматувањето кое се случи поради обилните врнежи, сега е нормализирана.

 

„Во водата е присутен резидуален хлор во нормални вредности што укажува дека дезинфекцијата, односно хлорирањето е завршено согласно правилникот за квалитет на водата за пиење и нема опасност од секундарно загадување. Нормализирањето на состојбата со водата го потврдуваат и резултатите од бактериолошките анализи на земени мостри“ рече д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје.

 

Тој нагласува дека сега водата од водоводниот систем Лукар може слободно да се користи за пиење и забраната за превривање може да се отстрани.

 

А.Д



Share

Додади коментар