Вода за пиење во населбата Новочани близу велешкото езеро
20-05-2015 РЕГИОН

Населеното место Новачани близу велешкото езеро Младост ќе добие квалитетна вода за пиење. Општина Велес ќе гради цевковод кој ќе носи вода од градската мрежа. Изградбата ќе чини скоро пет и пол милиони денари а парите се обезебедени преку министерството за животна средина.

Според проектот, новачани ќе се поврзе на веќе постоечкиот цевковод покрај езерото Младост. Вкупната должина системот ќе биде околу 1.500 метри. Во селото е предвидена мрежа во должина од ооколу 600 метри. Според локалните власти, поврзувањето на новачани кон овој систем ќе придонесе за развој на туризмот..

Новачани е првото населено место кое се приклучува на новиот водоводен систем. Од општина Велес велат дека во следниот период и отовица ќе добие вода за пиење од градската мрежа. Локалните власти откриваат дека проектот е веќе готов и во следниот период ќе почне изградбата на водоводниот систем.  З.Ј



Share

Додади коментар