Во „Црноречка“ инфраструктурата се гради пред да се издаваат одобренија за градба (видео)
06-07-2021 РЕГИОН

Комуналната изградба во Кавадарци се реализира со несмален интензитет. Градежната механизација е присутна во секој дел од градот и населените места. Во урбаната заедница„ Задругар“ во населбата „Црноречка“ се пробиени три нови улици кои во наредниот период ќе добијат канализациона и водоводна мрежа и ќе бидат асфалтирани. Увид во градежните работи изврши градоначалникот Митко Јанчев.

 

„ Во склоп на месната заедница „Задругар“ месноста „Црноречка“  во овие три години имаме интензивна комунална изградба на повеќе од десетина улици-асфалтирање. Оваа година имаме пробивање на три нови улици. Трите улици се со должина од 1000 метри или околу 5000 м2. Овие улици се навремено направени, пред да се почне да се издаваат градежни дозволи. Општина Кавадарци баш во оваа населба,  кај што се проширува градот, успеавме  инфраструктурата да ја изградиме пред да се почне со грдење на станбени и индивидуални објекти.  Потоа следува изградба на канализациона, водоводна и атмосферска мрежа и комплетно асфлатирање на овие три улици. Вкупна инвестиција за пробивање и асфалтирање изнесува 8милиони денари“ вели Јанчев.

 

Со ваквото темпо на работа,  целта на општината е да се дојде до ниво, во градот да нема улици без асфалт.

 

„ Со самото доаѓање на функција пред 3,5 години,  овој дел од градот  беше во многу лоша состојба, многу улици не асфалтирани. Тука ни е кавадаречки дол, спроти долот имаше дваесетина куќи без канализациона мрежа, немаше атмосферска канализација, немаше улично осветлување. Во овие три и пол години успеавме да направиме средена урбана средина и речиси  да нема улици со  кал. Само ланската година издадени се 20 градежни дозволи“ додава градоначалникот.

 

Тренд е на општината со комуналната изградба да се создаваат и катчиња каде ќе рекреираат најмладите, но и повозрасните граѓани.

 

„ Во секоја урбана заедница заедно со комуналната изградба работиме и на содржини за спорт и за зеленило. Комплетното зеленило е обновено. Се врши интензивни перење и чистење на улиците. И за младите и за возрасните комплетно се уредуваат урбаните заедници“ вели Јанчев.

 

Aнгел Данов



Share

Додади коментар