Во четврток во периодот од 9 до 15 часот во домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци, ќе се одржи отворена крводарителска акција за сите граѓани и посебно за учениците и вработените во средните училишта: Гимназија „Добри Даскалов“, СОУ „Ќиро Спанџов -Брко“ и СОЗШУ „Ѓорче Петров“.
Крв може да даруваат само ученици кои наполниле 18 години старост или два месеци порано од тој временски рок, меѓутоа со писмена согласност од родител. Сите вработени и ученици кои се осеќаат добро и здраво и кои сакаат да ја даруваат својата крв, се покануваат да го сторат тоа на ден 26.11.2020 година - четврток во времето од 9-15 часот во домот на културата во Кавадарци.Присуството на акцијата е со задолжително носење заштитна опрема од Ковид 19, а на лице место на сите ќе им биде измерена телесна температура согласно мерките и препораките за заштита од Ковид 19.
Додади коментар