Во четврток кавадаречкиот совет ќе одлучува за заем за реконструкција на училишта
06-07-2015 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци на редовната 32 седница треба да одлучи дали ќе дозволи да се задолжи општината со 40 милиони денари за подобрување на општинските услуги. Како што е наведено во предлог-одлуакта што ќе ја разгледуваат советниците, задолжувањето ќе се реализира по пат на домашно долгорочно позајмување од Меѓународната банка за обнова и развој . Заемот ќе има рок на отплата од 7 години, грејс период од 3 години, а целиот заем треба да биде отплатен најдоцна до 15.02.2022 година.

Со парите од овој заем ќе се реконструира покривот во СОУ „Добри Даскалов“, ќе се доградуваат осум нови училници, а ќе се поставува и систем за греење за истите. Покривот ќе се менува и во СОУ „Ќиро Спанџов-Брко“, а ќе се заменуваат со нови ПВЦ старите прозорци. ВО ООУ „ТОде Хаџи-Тефов“ покрај реконструкцијата на покривот ќе се подобруваат топловодните котли, еден од постоечките два котли ќе биде заменет о нов кој ќе работи на дрвени пелети, а исто така ќе се менуваат старите прозорци со нови ПВЦ.

Советот на седницата во четврток треба да донесе одлука и за одобрување на финансиски средства од буџетот за помош на семјествата чии куќи настрадаа во пожар минатата недела по удар на гром. На дневен ред е и одлуката за давање под концесија на паркинг просторот во градот  и одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Кавадарци, Велес, Градско, Чашка и Росоман.

Советниците треба да се изјаснат и по прдложената одлука за одобрување на финансиски средства од буџетот за црквата во село Ваташа. Ќе се разгледува извештајот за работењето на ЈП Јасмин за првото тромесечје од 2015 година, извештајот за реализацијата на културната манифестација „Гурмански викенд“, „Баскер фест“ и “Бели ноќи“.  Пред советот е и програмата за организација на годинашната манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Ангел Данов



Share

Додади коментар