Во четврток авионска дезинскеција во Вардарскиот регион
22-09-2015 РЕГИОН
Од центарот за јавно здравје Велес информираат дека во координација со министерството за здравство во четврток 24 септември, ќе се изврши адултна дезинсекција.
Прскањето ќе се изврши во периодот од 5 до 8 часот на територијата на општините Велес, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија и Дојран. Во овој период е потребно пчеларите да ги соберат пчелите.
Ова лето, во овие општини се врши авионско прскање против инсекти по трет пат.
Додади коментар