Во функција и вториот дел од кејот на реката Луда Мара
10-06-2016 РЕГИОН

Кавадарчани од денеска имаат пешачка патека за дополнителни 260 метри. Од денеска во функција е и вториот дел од кејот на реката Луда Мара. На свеченоста по повод ставањето во функција на овој објект присуствуваа поголем број на граѓани и раководители на институции во општина Кавадарци.

 

Градоначалникот Александар Панов рече дека е задоволен што се продолжи со овој проект. Најави дека во план е продолжување до „брушанскиот мост“.

„ Стимуланс за продолжување на овој проект беше ефектот од првиот дел кој го сработивме со финансии од ЕУ. Барањето на граѓаните да се продолжи со овој проект придонесе да донесеме одлука на совет и нешто над 10 милиони денари да намениме за продолжување на овој проект и еве денес да го обележиме ставањето во функција. Ова инвестиција вкупно вреди околу 9 милиони денари по првично   планираните 13 милиони денари. Направивме вкупно 260 метри,  од мостот кај градинката кон „брушанскиот мост“ и ни останаа над 300 метри кои ќе ги завршиме наредната година. Ќе се обидам надвор од буџетот на локалната самоуправа да го продолжиме овој проект. Доколку не успееме до крајот на годината до советот ќе предложам 15-16 милиони денари и  комплетно да го завршиме овој проект до брушанскиот мост“ рече Панов и додаде дека продолжувањето кон Ваташа е условено со регулирање на дивата населба во кејот и до кејот на реката Луда Мара.

 

„Тогаш кога ќе ја регулираме ќе се создадат услови за продолување на овој убав дел и на овој кеј кој служи за рекреација. Посебно ми е чест што е изграден до централната детска градинка за да можат да го користат и најмладите“ подвлече Панов.

Претседателката на кавадаречкиот совет, Горица Пеливанова-Вилхелм го нагласи задоволството од успешно реализираната втора фаза од кејот на реката.

„Ова е уште еден успешен проект на ЛС. Покажавме со советот и градоначалникот  дека стоиме на исполнување на убавите проекти и дека ќе се залагаме и ние како совет овој проект да продолжи до Ваташа бидејќи тоа е потребно како за жителите од месните заедници во овој дел така и за жителите од цел град. 

Кавадарчани од денеска имаат пешачка патека за дополнителни 260 метри. Од денеска во функција е и вториот дел од кејот на реката Луда Мара. На свеченоста по повод ставањето во функција на овој објект присуствуваа поголем број на граѓани и раководители на институции во општина Кавадарци.

Градоначалникот Александар Панов рече дека е задоволен што се продолжи со овој проект. Најави дека во план е продолжување до „брушанскиот мост“.

„ Стимуланс за продолжување на овој проект беше ефектот од првиот дел кој го сработивме со финансии од ЕУ. Барањето на граѓаните да се продолжи со овој проект придонесе да донесеме одлука на совет и нешто над 10 милиони денари да намениме за продолжување на овој проект и еве денес да го обележиме ставањето во функција. Ова инвестиција вкупно вреди околу 9 милиони денари по првично   планираните 13 милиони денари. Направивме вкупно 260 метри,  од мостот кај градинката кон „брушанскиот мост“ и ни останаа над 300 метри кои ќе ги завршиме наредната година. Ќе се обидам надвор од буџетот на локалната самоуправа да го продолжиме овој проект. Доколку не успееме до крајот на годината до советот ќе предложам 15-16 милиони денари и  комплетно да го завршиме овој проект до брушанскиот мост“ рече Панов и додаде дека продолжувањето кон Ваташа е условено со регулирање на дивата населба во кејот и до кејот на реката Луда Мара.

„Тогаш кога ќе ја регулираме ќе се создадат услови за продолување на овој убав дел и на овој кеј кој служи за рекреација. Посебно ми е чест што е изграден до централната детска градинка за да можат да го користат и најмладите“ подвлече Панов.

Претседателката на кавадаречкиот совет, Горица Пеливанова-Вилхелм го нагласи задоволството од успешно реализираната втора фаза од кејот на реката.

„Ова е уште еден успешен проект на ЛС. Покажавме со советот и градоначалникот  дека стоиме на исполнување на убавите проекти и дека ќе се залагаме и ние како совет овој проект да продолжи до Ваташа бидејќи тоа е потребно како за жителите од месните заедници во овој дел така и за жителите од цел град.  За пофалба е и патеката за велосипиеди. Се надеваме дека ќе ја продолжиме до ваташа и граѓаните наместо автомобили да  користат велосипеди.“ рече Пеливанова-Вилхелм.

И граѓаните кои живеат во непосредна близина на кејот искажаа задоволство од овој објект.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар