Денеска беа осветени темелите за изградба на црквата Свети Петар и Павле која полека но сигурно никнува во село Трстеник. Иницијатор за изградбата на овој црковен храм се жителите на селото со огромна подршка и желба од Мирјана Атанасова која го отстапува местото на кое е сопственик за на него да биде изградена црквата и ветува огромна инвестиција од фирмата на која таа е сопственик за и Трстеник конечно да добие современ црковен храм. Ваквата иницијатива на жителите од селото и Атанасова несебично ја подржува и локалната самоуправа на Росоман заедно со градоначалникот Стојанче Лазов.
Возбудено пред нашата камера за стартот на изградбата на црквата говореше и претседателот на месната заедница од село Трстеник, вели дека сложно секое семјство помага во изградбата и со парични средства и со работна сила.
Свет е денешниот ден и за македонската православана церква и за повардарската епархија бидејќи се гради уште еден православен храм под македонското небо вели отец Блаже Петров од црквата света Тројца во Росоман. За времетраењето на изградбата тој вели дека се зависи од божјата воља.
Втемелена на денешното осветување беше и повелбата која ќе сведочи за историјата и датирањето на црквата Св Петар и Павле во село Трстеник. Светиот чин го извршија свештени лица од храмот Св Димитрија Кавадарци и од црквата Св Тројца во Росоман, а присутни беа поголем дел од жителите и неколку претставници од бизнис секторот кој ветија свои донации.
Милица Младенова

Додади коментар