Почна есенската крводарителската акција низ средните училишта во градот.Први хуманоста со 43 дарувани единици крв хуманоста ја покажаа гимназијалците, а денес крв даруваа средношколците од СОУ Ќиро Спанџов Брко.Доброволно крв изразија желба да даруваат ученици што веќе имаат дарувано, но и такви кој за прв пат застанаа во листата на крводарители.Годините, телесната тежина, крвниот притисок,хемоглобинот се само дел од критериумите кој според правилникот треба да ги исполнува еден крводарител.
Сега со новиот закон можност крв да даруваат им се укажува и на средношколците со полни седумнаесет години, но со претходно потпишана согласност од родителот.Голем беше бројот на ваквите во Гимназијата, но и денес средношколци со седумнаесет години се интересираа за крводарување во Ќиро Спанџов Брко.
Одзивот во првиот ден беше според очекувањата, но и денес се покажа оти имаме хумана младина. Акцијата и овој пат според планот за работа ја организира Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци во соработка со институтот за трансфузиона медицина и средните училишта од Кавадарци.Истовремено акцијата се реализира низ повеќе средни училишта во Македонија. По средношколците крв ќе даруваат студентите.
M.M

Додади коментар