Во тек е хуманитарната акција „Се грижиме за топол дом“
04-09-2013 РЕГИОН

Со основна цел да ја поттикнеме нашата општествена одговорност на едно повисоко ниво на секој наш граѓанин и нашата бизнис зедница,  ве повикуваме поактивно да се вклучите во хуманите акции кои се реализираат секојдневно  за најранливите категории во општина Кавадарци, апелираат од Центарот за социјални работи Кавадарци и потсетуваат дека во тек е хуманитарната акција на владата и министерството за труд и социјална политика под мотото  „Се грижиме за топол дом“.

Понатаму во повиокот се наведува: „Ве повикуваме на вашата добра волја и доблесна хуманост преку најразлична донација, било да е апарат за домаќинство, мебел или покуќнина активно да се вклучите во проектот.

Акцијата има за цел да ги задоволи основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго на сите граѓани кои не можат да обезбедат средства за купување на овие работи.

Преку оваа акција ќе имаат можност сите граѓани кои имаат вишок мебел, покуќнина и апарати за домаќинство, а не им се потребни, да ги донираат на граѓаните кои им се потребни со што ќе ја покажат својата хуманост и општествена одговорност. Тој ги повика сите граѓани кои имаат можност да донираат мебел, апарати за домаќинство, опрема за деца  на социјално загрозени семејства да се јават на бесплатниот телефонски број 080055800 или податоци и фотографии за донацијата да достават на имеил адреса donacija@mtsp.gov.mk.

Граѓаните кои се во социјален ризик и имаат потреба од ваква донација ќе може да се јават на посочениот телефонски број, на имеил адреса или лично да се обратат во центрите за социјална работа или во седиштето на Црвен крст на Македонија.

Ангел Данов



Share

Додади коментар