Во тек е огласот за вработување на 300 лица со инвалидитет
25-11-2013 РЕГИОН

Во тек е јавниот оглас рапишан по одлуката на Владата на Р.Македонија за вработување на 300 лица со инвалидитет. Од Центарот за вработување Кавадарци апелираат да се испочитува рокот и заинтересираните лица навреме да ги достават своите апликации.Соработникот за услуги за подршка за вработување Велика Мурџевалевска ги потенцира, работните места, потребните документи и рокот кој треба да го запазат заинтересираните лица со инвалидност.

 

Ваквата одлука на Владата ја подржувааат и сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Ка-ци и Здружението Мобилност од чие име говори Николчо Делов.

 

Речиси идентичен со Делов е и ставот на здружението на слепи Кавадарци. Претседателката Султана Јошева ги повика членовите на здружението доколку имаат интерес да аплицираат навреме.

 

Рокот за конкурс по јавниот оглас за вработување на 300 лица со инвалидност трае до 1 ви декември. Од Центарот за вработување Кавадарци потенцираат дека сепак право на апликација имаат само лицата кои немаат засновано работен однос.

М.М



Share

Додади коментар