Во тек е аплицирањето за субвенции

Лозарите, овоштарите и сите останати земјоделски производители можат да ги поднесуваат барањата за субвенции од новата програма на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството. Раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Зоран Шалев рече дека земјоделците е потребно само да ја посетат подрачната единица и да го потполнат барањето, бидејќи сега постапката за аплцирање е поедноставена.

Сточарите и сопствениците на пчелни семејства е потребно да ги ажурираат податоците во Агенцијата за храна и ветеринарство, а потоа ќе бидат информирани околу постапката за аплицирање за субвенции.

Исто така сите земјоделци кои имаат договори по јавни повици и огласи  потребно е да ја посетат подрачната единица и да ги потпишат анексите на договирте, а сите што имаат договори за концесии задолжително да ги подмират давачките.

 А.Д

 



Share

Додади коментар