Во среда ќе заседава кавадаречкиот совет
22-07-2013 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци во среда ќе ја одржи  редовната четврта седница. На дневен ред за работа советниците ја имаат предлог програмата за организирање на културно стопанската и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер 2013“ и предлог програмата за изменување и дополнување  на програмата за изработка на урбанистички планови на општина Кавадарци за 2013 година.

Почетокот на седницата е закажан за 12 часот.

А.Д



Share

Додади коментар