Со света Божествена литургија во храмот „Св.вмч.Димитрија“ во Кавадарци и водосвет пред новоизградениот храм посветен на „Св. Преподобна Параскева – Петка“, во сабота, 8 август 2015 година Кавадарци ќе го празнува верскиот празник „Св. Маченичка Параскева - Петка“.
Според предвидената програма за чествување на заштитничката на градот, светата Божествена литургија во храмот „Св.вмч.Димитрија“ ќе започне во 8 часот и 30 минути, додека водосвет пред новоизградениот храм посветен на „Св. Преподобна Параскева – Петка“ ќе се оддржи во 11 часот.
По повод празникот, пред новоизградениот храм посветен на маченичката Параскева, а во присуство на верниците, меѓу кои секако и преставници на најголемиот донатор ФЕНИ Индустри, како и Кожувчанка, Општина Кавадарци, Градба Промет и уште многу други ќе се одржи водосвет, воден од митрополитот Повардарски Агатангел. Новоизградениот храм има големо религиозно и културно значење и на верниците ќе им биде место за одржување на религиозните обреди и зачувување на религиозните традиции.

Додади коментар