Во сабота второ авионско прскање против комарци во Кавадарци
23-07-2020 РЕГИОН
Општина Кавадарци Ве информира дека на ден 25.07.2020 година ( сабота ) со почеток од 5 часот до 7 часот ќе се спроведе второто авионско третирање против комарци за 2020 година на територијата на Општина Кавадарци.
Се известуваат сите граѓани како и пчелари дека во периодот на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците - сандаците со пчели, поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.
Со третирањето ќе биде опфатено течението на реката Луда Мара од с.Марена, целото градско подрачје, до излезот на с.Ваташа

Додади коментар