Во сабота авионско прскање против комарци во Неготино
09-07-2015 РЕГИОН

Во рамки на спроведувањето на својата годишната Програма за работа на Одделението за комунални работи и сообраќај, локалната самоуправа Неготино ги информира граѓаните од општина Неготино дека во сабота, 11 јули на целата територија на општината ќе врши авионско прскање за заштита од комарци. Токму затоа се известуваат пчеларите за времетраењето на прскањето од 3 до 4 часови да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството со кое ќе се врши прскањето за безбедноста на пчелните семејства. Прскањето против комарци во општина Неготино ќе се реализира во раните утрински часови, а во случај на врнежи од дожд, од општината информираат дека истото ќе биде одложено за наредниот ден.

 

Инаку, високите летни температури во државата повторно се покажаа како поволни за зголемување на бројот на комарците но и останати инсекти. И понатаму сувото време претставува плодна почва за инсектите кои може да бидат причинители на голем број на инфекции и заразни болести: западно нилска треска, маларија и слично.

 

Не само комарците, високите темпрератури ги вратија и крлежите и змиите. надлежните апелираат за голема внимателност особено во природа каде има високи треви и опасноста од каснувања од крлеж или змија е голема. Надлежните апелираат и да се посвети поголемо внимание на косење на високите треви кои се наоѓаат и во урбаните средини каде се движат голем број на луѓе.

Maja Aлексовска



Share

Додади коментар