Во сабота авионско прскање против комарци во Кавадарци
27-08-2014 РЕГИОН

Општина Кавадарци ги инзвестува граѓаните дека на ден 30 август 2014 година во раните утрински часови преку надлежните овластени служби ќе изврши авионско запрашување (прскање) против комарци.

 

Запрашувањето ќе се спроведе во времето од 04:00 ч. До 09:00 часот на територијата во ридско планинскиот дела од висорамнината Витачево кон југ до подкожувските села од Бошавијата и Мрежичко.

 

Прскањето се врши заради спречување на ширењето на болеста Син Јазик која се јавува кај крупната стока. Болеста Син јазик според стручните лица не е воопшто штетна за човекот, но ја загрозува стоката, а еден од преносниците на истата се комарците.

 

 За таа цел се информираат граѓаните кои поседуваа пчелни на тој дел од општината, да превземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.

    

 



Share

Додади коментар