Во Росоман од утре ќе биде отворена канцеларија за потребите на земјоделците
30-06-2020 РЕГИОН

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски беше во посета на општина Росоман.  Заедно со градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев, извршија увид во подготовката на дополнителната канцеларија од времен карактер, која е наменета за потребите на земјоделците од оваа општина.

 

МЗШВ се подготвува за почеток и реализација на Програмата за директни плаќања за 2020 година. Во следниот период, пред почетокот на аплицирањето за субвенции, ќе се отварат дополнителни канцеларии од времен карактер за потребите на неколку  подрачни единици на МЗШВ, кои имаат голем обем на работа во екот на поднесување на Барања за субвенции. Допонителните канцеларии ќе бидат во фунција само додека трае периодот на аплицирање. Целта е да се растерети работата на подрачните единици на МЗШВ во услови на Ковид-19 и да им помогнеме на земјоделците полесно да можат да ги завршат обврските без загрозување на нивното здравје и здравјето на нашите вработени .

 

МЗШВ ќе отвори дополнителни канцеларии од времен карактер во следниве општини: Росоман, Босилово, Василево, Ново Село, Облешево, Богданци, Старо Нагоричане, Могила и Новаци. За непречено одвивање на активностите канцелариите ќе бидат комплетно опремени со канцелариски мебел и материјали за работа. Сите дополнителни канцеларии ќе бидат снабдени со средства за дезинфекција.

 

Датумот за почеток на пријавувањето на земјоделците за субвенции, во најскоро време ќе го одреди Платежната агенција соодветно на периодот за кој службите ќе ги обработат податоците од промените направени во земјоделските стопанства, бидејќи рокот за измени во ЕРЗС оваа година беше продолжен до денес - 30. јуни. Точниот датум кога ќе се започне со аплицирање за субвенции, ќе биде соопштен на транспаратен начин, преку објава на веб станата на МЗШВ и преку медиумите.

 

Со цел да се спречат вообичаените гужви кои се создаваат во подрачните единици додека трае рокот за поднесување на барањата за субвенции, ќе се изготват списоци по азбучен ред. Онаму каде што има потреба ќе се воведе двосменско работење, вработените ќе функционираат во тимови со цел да се спречи појава на Ковид – 19 и да се редуцира бројот на оператори во одреден простор  како и бројот на апликанти. За работа во смени помеѓу првата и втората смена ќе има празен период од половина час за да се избегне контакт меѓу двете смени и просториите да може да се дезинфицираат.

„Се подготвуваме да бидеме спремни во очекување на земјоделците кога ќе почнат да доаѓаат за аплицирање. Некој од подрачните единици ќе воведат двосменско работење. Се надеваме дека со една добра организација, нема да се создаваат гужви“ изјави министерот Димковски. 

 

Веќе неколку години наназад на земјоделците им е овозможено и електронско аплицирање од дома. За таа цел изготвено е Упатство за електронско аплицирање со детални објаснувања чекор по чекор. За сите нејаснотии апликантите ќе можат телефонски да  контактираат со вработените во подрачните едници.  Упатсвото за електронско аплицирање и сите контаки со телефонски броеви и емаил адреси од вработените во Подрачните единици, ќе бидат објавени на веб страната на МЗШВ и јавно достапни.

 

Министерот Димковски, ги повика сите земјоделци да почнат да користат  електронско аплицирање бидејќи тоа е еден современ пристап кој го користат развиените држави и со кој во услови на здравствена криза, многу ќе се допринесе за заштита на здравјето на апликантите и на вработените во подрачните единици на МЗШВ.



Share

Додади коментар