Во Росоман на крводарителска акција собрани 26 крвни единици
02-09-2020 РЕГИОН

Успешна крводарителска акција денеска беше реализиран во општина Росоман. Собрани се 26 крвни единици.

 

„Голема благодарност за гостопримството на локалната самоуправа и Градоначалникот на општина Росоман, кои се погрижија условите во кои се одвива акцијата да бидат на највисоко ниво. Благодарност и до крводарителите кои дојдоа во солиден број и ја покажаа својата хуманост и солидарност. Со оваа крводарителска акција Црвениот крст Кавадарци го оствари годишниот план за крводарителство според 3% од вкупниот број на население на двете општини Кавадарци и Росоман и сите нови крводарувања до крајот на календарската година ќе значат натфрлување на годишниот план“ вели претседателот на ОО Црвен Крст Кавадарци, Димитар Каракулев.

 

Денешната акција беше во организација на Црвен крст Кавадарци во соработка со Градоначалник и локална самоуправа Росоман, а ја реализира екипа на Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

 

А.Д



Share

Додади коментар