По повод претстојниот есенски панаѓур во Кавадарци, кој ќе се одржи на 12,13 и 14-ти октомври, Полициската станица од општа надлежност - Кавадарци апелирадо сите граѓани на општина Кавадарци да ги почитуваат законските регулативи од сите области, а посебно да се воздржат од девијантни и незаконски однесувања со кои се загрозува Јавниот ред и мир, личната сигурност на сите и особено да внимаваат на безбедноста во сообраќајот.
За секое незаконско однесување ПС од ОН-Кавадарци ќе презема соодветни мерки за санкционирање на сторителите.
За секое незаконско однесување граѓаните да пријавуваат на телефонскиот број 192 - се вели во соопштението од кавадаречката полиција

Додади коментар