Во првиот квартал општина Кавадарци реализирала близу 20% од планираните буџетските приходи
25-05-2013 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци во рамки на втората седница што се одржа неделава со 10 гласа за, против 6 и 1 воздржан  го усвоија кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци за првиот квартал од  2013 година .

Остварувањето на вкупните приходи по сите основи за периодот од 1 јануари до 31 март  годинава е во износ од 144.958.954 денари во однос на планираните 676.831.000 денари или изразено во проценти  изнесува 19,96%.

Остварувањето на приходи од намесни дотации изнесува 89.679.966 денари во однос на планираните 304.243.000 денари или 29,47%.

43,76% е процентот на остварените приходи од самофинансирачките активности, а приходите од донации се реализирани во висина од 537.519 денари од вкупно планираните 13.866.000 денари.

Реализацијата на вкупните расходи на буџетот за првиот квартал од годината изнесуваат 112.713.711 денари во однос на планираните годишни расходи во износ од 676.831.000  денари или 16,56%

Aнгел Данов



Share

Додади коментар