Советот за превенција од малолетничко престапништво на Кавадарци денеска на работен останок ги утврдуваше деталите околу одржувањето на саемот за вон училишни активности. Саемот ќе се одржи во понеделник 19 окотомври на спортските терени под салата „Јасмин“.
И годинава спортските клубови од градот и невладините организации ќе можат да ги претстават своите активности, младите да се информираат за својот омилен спорт или хоби и да станат активни. Да го искористат своето слободно време за корисни актвности, наместо да потпаѓаат под влијание на пороците кои се надвиснати над денешната младина.
Секој на свој начин, со пехари , медали, флаери, промотивeн материјал, опрема и реквизити ќе се обиде да го привлече вниманието на најмладите од основното образование .
Спортски клубови, кошарка, ракомет, фудбал, карате, џудо, атлетика, пинг понг, скијање, невладини организации, хуманитарни организации, образовни институции, детски фестивали... голем е изборот на младите за да одлучат на што ќе го трошат слободното време.
Советот за превенција од малолетничко престапништво од Кавадарци ги поканува претставниците на спортските клубови и колективи, невладини организации, културно уметнички друштва и останати организации и асоцијации да се пријават на саемот кој може да им донесе нови членови.
Ангел Данов

Додади коментар