Во понеделник и вторник нема да има вода во каналите за наводнување
10-07-2015 РЕГИОН

Се информираат земјоделците  кои се водокорисници од Хидромелиоративниот систем „Тиквеш“  од општините Кавадарци, Неготино, Росоман, Градско и Демир капија дека  водата во каналската мрежа целосно ќе биде запрена во деновите понеделник и вторник 13. И 14. Јули заради чистење на алгите од каналската мрежа која го намалува капацитетот на системот. Овие два дена вработени и сезонски работници на Водостопанство „Тиквеш“ забрзано ќе работат на отстранување на наслагите од алги кои воообичаено секоја година во овој период од годината  го намалуваат капацитетот на каналската мрежа и го отежнуваат нормалното водоснабдување до крајните корисници токму во овој период кога  е максимална побарувачката  од страна на водокорисниците.

          Од среда со продолжува со испораката на  на вода за наводнување и за само една седмица че се надокнади во во целост ќе биде надокнаден прекинот од овие два дена вели техничкиот директор на Водостопанство „Тиквеш“ Илија Темелковски . Бидејќи е во екот  сезоната за полевање на лозовите насади   како најмасовно застапена култура во Тиквешијата кога всушност и започнува шпицот во полевната сезона  преку водните заедници  полевањето же се регулира со однапред испланиран распоред  за да добијат вода сите восокорисници од системот „Тиквеш“.  

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар