Во полна функција ХМС Тиквеш
09-07-2015 РЕГИОН

Високите температури ги алармираа земјоделците по што следеше зголемена побарувачка од страна на водокорисниците кои користат  вода за наводнување  од Хидромелиоративниот систем „Тиквеш“.

Годинава се предвидува да бидат наводнети над 8,5 илјади хектари земјоделска површина на територијата на петте општини: Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско, вели техничкиот директор на водостопанство „Тиквеш“ Илија Темелковски.

 

Моментно најголеми проблеми со наводнување има во атарот на селото Сопот. Овој проблем се надминува со примена на комбиниран начин на наводнување со користење на пумпната станица Сопот 2,  вели Темелковски.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар