Во петок трибина за проблемите во лозарството
24-01-2018 РЕГИОН

 

По иницијатива на група лозаропроизводители и градоначалникот Митко Јанчев во петок со почеток во 17 часот во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ Кавадарци ќе се одржи трибина за формирање ново здружение на лозаропроизводители.

 

Од кабинетот на Јанчев информираат дека на трибината ќе бидат присутни покрај градоначалникот и претставници од винарските визби, пратениците од Кавадарци и лозари.

 

Оваа трибина има за цел отворено да се разговара за сите проблеми со кои се соочуваат земјоделците и да добијат ново здружение кое ќе функционира поефикасно и кое ќе ги застапува нивните права.

 

Оваа информација нека биде и отворена покана до сите кои сакаат да присуствуваат на оваа трибина - велат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

 



Share

Додади коментар