Во петок авионско прскање против комарци во Кавадарци
23-06-2020 РЕГИОН

Општина Кавадарци Ве информира дека на ден 26.06.2020
година (петок) со почеток од 05 00 часот до 07 00 часот ќе се спроведе
првото авионско третирање против комарци за 2020 година на
територијата на општина Кавадарци.


Се известуваат сите граѓани како и пчелари дека во периодот на
третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со
пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши
третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот
ден.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на реката Луда
Мара од с. Марена целото градско подрачје до излезот на с. Ваташа.



Share

Додади коментар