Во однос на претходната недела, за 23,0% зголемен бројот на нови случаи на корона вирус во земјава
10-03-2021 МАКЕДОНИЈА

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.160; 48,3%), со неделна инциденца – 349,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 847,9/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија)
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 13,2 до 26,7%, или во просек 20,9%, 3% повеќе во споредба со минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.026, 23,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=895; 20,1%), 40-49 (n=803; 17,8%), 50-59 (n=778; 17,4%) и 20-29 (n=626; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=104; 2,3%) и 10-19 години (n=231; 5,2%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемен за 2,2 пати во споредба со минатата недела.
Пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, 17,4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 50 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години.

Додади коментар