Температурните разлики, обилните дождови и густата вегетација не се причина за појава на алергии смируваат лекарите. Се уште сме надвор од сезоната на алергии и не постои причина за загриженост, информира доктор Тони Јованов специјалист по семејна медицина.
„Пролетта е најпогодна за алергиите, па затоа во медицината ја потенцираме и како сезона на алергии. Сега овој период нема инвазија на алергија, но неможеме да речеме дека ја нема особено кај децата што одат на училиште“ додава д-р Јованов.
Алергиите се сè повеќе присутни во детската возраст, а родителите секогаш треба да го направат најдоброто за своите деца. Познавајќи ги симптомите на алергија и работите кои ја поттикнуваат, би требало родителот да знае и како да постапува или реагира. Од голема важност е да ги информирате и наставниците за здравствената состојба на вашето дете со цел да го следат и да ве известат доколку симптомите се интензивираат во текот на денот, објаснува доктор Тони Јованов.
Септември немора да значи опасност, но средината, бројот на децата, имунитетот се од големо значење па секој организам реагира на свој начин. И додека мирува ситуацијата со алергии во моментот лекарите информираат , особено кај детската популација владее стомачниот вирус. Повраќање и проливи се во моемнтот најчестите причини за отсуство на децата од училиште. Место за паника не постои но мора да се почитуваат препораките на лекарите и особено да се внимава на начинот на исхрана.
Милица Младенова
Додади коментар