Незадоволни од вчерашниот состанок во МЗШВ лозарите на кои им должат винарските визби за родот предаден во минатите години најавија мирен протест.
„Мирниот протест ќе започне во 11 часот на градскиот плоштад. Целта ни е изразување на незадоволство на лозарите заради неисплатеното грозје од претходните неколку години наназад, од винариите “Стефанс” и “Повардарие”, информираа од Здружението “Напредни лозари” и ги повикаа сите лозари кои неможат да си ги наплатат парите да се приклучат на протестот. Побараа поддршка и од сите граѓани на Тиквешијата.
Преку овој протест лозарите сакаат да упатат порака навреме да им се исплаќаат субвенциите, да се направат измени во законот за вино, со цел да можат без проблеми да произведуваат грозје.
„Парите мора да си ги наплатиме. Тоа се наши пари на кои со години чекаме. И ние сме луѓе. Треба да живееме. Имаме трошоци, еве почнува нова реколта. Треба да имаш пари да ставиш нафта во тракторот и да одиш на лозјето. Со години само лаги и манипулации“ коментираат лозарите.
Ако нема никаков резултат од мирниот протест во недела, најдоцна до 10 февруари, лозарите најавуваат блокади на патиштата.
А.Д
Додади коментар