Скопскиот тим е фаворит на хартија но кавадаречките фудбалери ја посакуваат првата прволигашка победа по 17 год.
Во недела од 16 часот се играат средбите од редовното 4 коло во ПМФЛ. Двојките за ова коло се: Академија Пандев - Ренова, две екипи кои засега се лидери на табелата, Борец - Брегалница, Шкендија - Македонија ЃП, Струга ТЉ - Шкупи, Скопје - Пелистер и Работнички - Тиквеш. Нашите фудбалери во првите три кола забележаа едно реми и два пораза и моментално сме 11 на табелата а послаб скор има само Пелистер кој сеуште нема ниту еден бод.
Работнички пак има победа, пораз и реми и барем на хартија е фаворит во овој натпревар. Инаку по три одиграни кола на табелата водат екипите на Академија Пандев,Шкупи и Ренова кои собраа по 7 бода.
М.В.
Додади коментар