Во недела втора езерска регата
24-07-2015 РЕГИОН
Здружението на граѓани „Винотек“ од Кавадарци продолжува со своите активности за промоција на тиквешкото вино и регионот. Имено по тиквешката винска регата која се одржа во јуни, сега во недела на 26 јули ќе се одржи втората по ред винска езерска регата. Ќе се плови по водите на Тиквешкото Езеро.
Како што најави Панче Арсовски, претставник на „Винотек“ ќе се тргнуива од ресторан „Луле“ и ќе се плови до Полошкиот манастир „Свети Ѓорѓи“. Потоа ќе следува дегустација на тиквешко вино и риба.
Според организаторот, на оваа езерска регата ќе има околу 60 тина учесници, а пријавувањето е сеуште во тек.
А.Д

Додади коментар