Во Неготино се врши обележување на хоризонталната сигнализација
19-10-2018 РЕГИОН

 

Со цел за придонесување за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како на моторизираните граѓани, така и на пешаците, општина Неготино започна со одбележување на хоризонталната сигнализација на повеќе локации во градо, информираат од прес службата на општината.

 

Според однапред утврдената динамика, одбележувањето се врши на двете главни улици во градот „Маршал Тито“ и „Партизанска“, потоа на улиците „Борис Кидрич“ и „Фемо Кулаков“, пред училиштата и градинките, во централното градско подрачје и на други локации каде што постојат раскрсници.

 

Се апелира до моторизираните граѓани за внимателно возење и почитување на поставените значи при одбележувањето на хоризонталната сигнализација, со напомена дека одбележувањето на хоризонталната сигнализација на двете главни улици ќе се врши во текот на ноќните часови кога и фреквенцијата на возила и пешаци е помала.



Share

Додади коментар