Во Македонија има само 4 куќи за згрижување жртви од семејно насилство
29-06-2015 РЕГИОН

Последната средба на жени од бизнис секторот во Кавадарци во Фени индустри  на тема „Заштита на жените од родово засновано и домашно насилство“  претседателката на Националниот совет за  родова рамноправност Савка Тодоровска  ја потенцира потребата од постоење на лесно достапни сигурни куќи за безбедно сместување на жртвите како и проактивен пристап кон жените и нивните деца . Во Македонија официјално постојат 4 транзитни куќи за згружување на жртвите од насилство но не е познато колкав е нивниот капацитет. Тодоровска  информира дека во Косово постојат 7 транзитни куќи. Во Словенија 16 а во Шведска дури 1 500.

 

Основните мерки за подршка на жртвите  треба да овозможат опоравување од насилството и да опфатат: правно и психолошко советување, финансиска помош, домување, образование, обуки и помош при вработување, СОС бесплатна телефонска линија достапна 24-7 како и заштита и подршка за децата сведоци на насилството кон нивните мајки. Во рамките на превенцијата која е зацртана со така наречената истамбулска конвенција  рече Тодоровска е искоренувањето на стереотипите,предрасудите, обичаите и традициите со кои жените се прават помалку вредни од мажите, потоа обука за вработените кои се занимаваат со жртвите или сторителите на насилство за спречување и откривање на насилство, за потребите и правата на жртвите и спречување на додатно повредување на жртвата. 

 

Во превенција влегува и воведување на содржини во образовните системи кои се однесуваат на рамноправност мешу жените и мажите, ненасилно решавање на конфликти, право на слобода на избор и слобода од насилство како и воспоставување на програма за работа со сторители со полна безбедност и подршка на жртвите.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар