Повеќенаменско спортско игралиште ќе добие велешкото село Караслари. Денеска се постави камен темелникот. Според директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески теренот ќе помогне во развојот на спортот во ова населено место..
Спортскиот терен се гради во соработка со локалните власти. Општина Велес моментално во Караслари гради и фудбалско игралиште..
До сега во Македонија се изградени 50-тина терени.. тие се дел од владиниот проект 100 повеќенаменски спортски терени..
Повеќенамесното спортско игралиште во караслари ќе има површина од околу 800 метри квадратни.. на него ќе може да се игра фудбал, ракомет, кошарка.. изградбата ќе чини 7,5 милиони денари а треба да биде готово до крајот на август.
Зоран Јаневски

Додади коментар