И во Кавадарци ќе се започне со селектирање на отпадот. За таа цел на повеќе локации во градското подрачје ќе се постават 45 пластични контејнери во кој ќе се фрла оделно стаклен, пластичен и хартиен отпад.
Денеска овие контејнери кои се донација од Пакомак градоначалникот Митко Јанчев ги предаде на ЈП Комуналец.
„Општина Кавадарци заедно со ЈП Комуналец во соработка со ПАКОМАК од Скопје, претпријатие за рециклирање на отпад ддоби донација од 45 контејнери за стакло, пластика, лименки и хартија. Ќе бидат поставени по однапред подготвен план од Комуналец, одобрен од општина Кавадарци во градските средини со цел да можеме отпадот да го селектираме. Тоа значи дека треба го одвоиме стаклото од другите отпадни материјали, пластиката и хартијата. ЈП ќе ги постави за недела до две овие контејнери. Еве еден јавен повик до граѓаните кај што ќе ги има овие контејнери, соодветно да го фрлаат отпадот за да можеме и од самото тоа да добиеме некои средства.Подоцна може да набавиме преса за пресирање на отпадниот материјал и ќе го продаваме на компании за откуп на отпад. Така да бенефит ќе има и ЈП и граѓаните, а најмногу средината, бидејќи отпадот ќе се рециклира. “ рече Јанчев.
Благодарност за донацијата искажа директорот на ЈП Комуналец, Ѓоко Попицов.
„ Ова значи голема корист за граѓаните на општина Кавадарци во делот на почиста животна средина. Првично празнењето ќе го врши Пакомак, а подоцна кога Комуналец ќе ја добие дозволата за трговија и за складирање на отпад ќе продолжиме со наше сопствено празнење“.
Пакомак еднаш неделно ќе пушта специјално возило кое што ќе ги празни9 овие контејнери и ќе го депонира отпадот на соодветна локација утврдена од општината и ЈП Комуналец.
Градоначалникот Јанчев најави подобри услуги за граѓаните и од водовод и канализација бидејќи е набавена нова опрема.
„Комуналец има набавено трактор и две нови приколки за потребите на водовод и канализација, така да јавното претпријатие се опремува со нова опрема за да може поефикасно да ги извршува услугите за граѓаните“ нагласи Јанчев.
Ангел Данов

Додади коментар