Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев денес потпишаа договор за соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Кавадарци со цел заедничко учество во проект кој се однесува на изградба на Дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост во Општина Кавадарци.
Тренчевска во изјавата за медиуми информираше дека центарот ќе биде со капацитет за 24 корисници.
„Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910 денари со вклучен ДДВ. Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди 90% од средствата, а Општината Кавадарци 10%. Вредноста на опремата во Дневниот центар се проценува на 1.720.440 ден. со вкучен ДДВ, износ кој во целост ќе биде обезбеден од страна на Министерството“ рече Тренчевска.
Предвидените активности се согласно Програмата на Владата на Република Северна Македонија за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2023 година.
Додади коментар