Предизборниот молк на партиите започна ноќеска на полноќ, а денеска низ Македонија ќе гласаат болните, изнемоштените лица и затворениците.
Останатите граѓани своето избирачко право ќе го остварат утре. Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) во вториот круг од локалните избори право на глас имаат вкупно 833.716 гласачи, кои своето избирачко право ќе можат да го остварат на 1.517 избирачки места.
Шеесет избирачки места во Кавадарци утре ќе бидат отворени за вториот крут од шестите по ред локални избори. Право на глас имаат 32.671 граѓани, а во текот на денешниот ден гласаа болни и немоќни лица. Граѓаните можат да избираат помеѓу двајца кандидати за градоначалници.
Во Росоман двајца кандидати за градоначалници ја очекуваат подршката од вкупно 3410 избирачи. Ќе се гласа на 10 избирачки места.
И во Градско и Демир Капија се избира помеѓу двајца кандидати за градоначалници.
Додади коментар