Во Кавадарци споделени три хумани приказни
29-09-2018 РЕГИОН

 

 

Деновиве во Домот на културата ,,Иван Мазов Климе`` во Кавадарци беше организиран настан од учесниците во Промоција на хумани вредности циклусот 2018 година и Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци. Беа споделени три приказни од тројца претставници од општината кои зад себе оставиле хумани дела.

 

Се работи за организирање на добротворни организации за лица со ретки заболувања и лични донации, помош и подршка на болни лица, лица од Ромска националност и лица со посебни потреби, бесплатна поправка и донирање на околу 60 компјутери за време од три години на семејства кои имаат потреба од социјална подршка.

 

Тоа се позитивни примери во заедницата кои треба да се следат. Беа презентирани и годинешниве сработени 8 ПХВ проекти, беше проследена театарската претстава ,,Ромео и Јулија`` во која учесници се дел од ПХВ младинците и на крај беа доделени ПХВ благодарниците на сите младинци кои учествуваа во изработката и подршката на ПХВ проектите.

 

Од Црвен крст Кавадарци информираат дека самиот настан предизвика интерес за хуманоста и солидарноста кај присутните, поготово кај младите, така што во наредните неколку дена по овој настан, пројавија интерес за зачленување во Општинската организација Кавадарци, околу 30 младинци.

 

С.Д



Share

Додади коментар