Во Кавадарци сепак ќе има есенски панаѓур
01-10-2018 РЕГИОН

Според спроведената анкета за прашањето дали оваа година да се оддржи традиционалниот есенски панаѓур, добивме резултати кои покажуваат дека граѓаните на Општина Кавадарци сакаат и оваа година да се оддржи есенскиот панаѓур - информираат од прес службата на општина кавадарци.
Панаѓурот ќе се оддржи на 12 ти, 13 ти и 14 ти октомври, со малку променета локација, односно ќе го зафаќа делот по новите семафори на ул.Никола Минчев се до Северен булевар и едната коловозна лента до зградата на УЈП. Тоа значи дека 3 те улици од семафорите ќе бидат функционални и едната коловозна лента кај зградата на УЈП.
Закупот на простор за продажно место ќе започне од четврток 04.10.2018 година.

Додади коментар