Во Кавадарци се формира здружение на просветни работници
23-05-2014 РЕГИОН

Со цел подобрување на обрзованието  во Кавадарци и Росоман, негово издигнување на повисоко ниво а со тоа  и звањето просветен работник да го добие  заслужениот  статус и да се подобри општествениот живот на сите просветни работници денеска во Кавадарци се формира здружение на просветните работници. За претседател е избрана Јанушка Милкова, актуелен директор на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во село Ваташа.

„ Најодговорно ќе си ги извршувам сите обврски и задачи и ќе одговорам на сите предизвици кои ќе ми претстојат како претседател.  Здружението е доброволна непартиска непарофитабилна организација и претставува легитимен претставник на сите просветни работници од Кавадарци  и Росоман.  Во ова здружение членуваат сите просветни работници од предучилишна возраст, основно и средно образование и сите кои работат со децата  со посебни потреби. Наши членови се и  пензионирани просветни рабоници. Може секој од фелата на образованието да партиципира со свои идеи и искуства се со цел да се подигне квалитетот на образованието“ рече Милкова.

А.Данов



Share

Додади коментар