Полициска станица од општа надлежност Кавадарци одел за превенција денеска повторно излезе на терен кон возачите да делува превентивно. Од централното подрачје на Кавадарци активно Полицијата и училишните сообраќајни единици го одбележаа 17 ти ноември светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи на патиштата. Целиот настан е во рамките на проектот ,,Некогаш брзината убива,, кој се рализира на ниво на трите општини под надлежност на СВР Велес, вели за ктв инспекторот за превенција по сообраќајни работи Диме Крстев.
Со помош на учениците од сообраќајните единици на основните училишта Страшо Пинџур и Гоце Делчев денеска излеговме на терен со цел да делуваме повеќе кон свеста на возачите и да им укажеме уште еднаш колку брзината може да биде фатална по животот на оние кој седнуваат зад воланот, додава Крстев. Превентивно екипите денеска делуваа на двете раскрсници во центарот на Кавадарци. Се запираше на пешачките премини, се регулираше сообраќајот на пешаците, од посебен штанд на градскиот плоштад се делеа едукативни флаери, а сообраќајната патрола со радар ја мереше и брзината.
Се запираа возачите, но без казни бидејќи потенцира инспекторот целта на денешната голема акција е превентивно да се делува. Инаку за да конечно се допре до свеста и да почнат да размислуваат возачите за тоа со која брзина управуваат во рамки на проектот некогаш брзината убива следната недела ќе биде организирана и советодавна група на граѓани која ќе дискутира на тема брзина како водечки фактор за сообраќајни незгоди.По оваа советодавна ќе следуваат и неколку работилници и сообраќајни поучувања на кој пак ќе учествуваат веќе запрени возачи кој ќе се едуцираат како треба да се однесуваат во сообраќајот и колку неприлагодената брзина на патот знае да биде причина број 1 за незгода.
Својствено со овој проект одделот за превенција ја побара и помошта од Локалната Самоуправа како и таа би допринела во зголемувањето на свеста кај возачите со поставување на рекламни флаери истакната на билбордите поставени во најфрекфентните делови од градот. Од сите овие активности очекуваме позитивни резултати.Брзината повторно и годинава е на високото прво место меѓу причините за незгоди и жртви во сообраќајки, дециден е инспекторот Крстев. Од него дознаваме дека од почетокот на оваа година до денес Кавадарци бележи 6 жртви во сообраќајни несреќи кој во 80 % загинале поради голема или неприлагодена брзина. Минатата година бројката на жртви била 7 лица за цела 2012 та. Најмногу несреќи според Крстев се случуваат на патниот правец Градско Прилеп.Инаку заклучно со септември оваа година во Македонија има 139 жртви во сообраќајот за разлика од лани кога за цела година имало 132 жртви.
Милица Младенова

Додади коментар