Во Кавадарци 512 барања за отпис на долг
15-09-2014 РЕГИОН

Интересот за отпис на долгови кај кавадарчани е голем – информира директорката на Центарот за социјални работи, Вања Поп Динова. Од почетокот на акцијата, од 18 август, барање поднеле 512 граѓани од социјално загрозени семејства чии што остварени приходи минатата година не биле поголеми од 105.600 денари.

 

Со цел сите загрозени граѓани кои ги исполнуваат условите за да им бидат распишани долговите да бидат информирани,  вработените во Центарот за социјални работи делеа информативни флаери во кои се опишани критериумите за еднократен отпис.

 

„До 12 октомври граѓаните можат да поднесуваат барања. Со оваа поволност се опфатени корисниците на социјална или паричнапомош, невработени подолго од 12 месеци, лица кои западнале во финансиски тешкотии поради сопствен инвалидитет или тешка болест, или поради инвалидитет или болест на брачниот другар или смарт на брачниот другар и не биле во можност да ги плаќаат долговите  заклучно до 31 декември 2013 година“ рече директорката на Центарот за социјални работи, Вања Поп-Динова.

Мерката еднократен отпис на долгови се однесува на кредитни картички, пречекорување на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, електрична енергија и радиодифузна такса.

 

А.Д



Share

Додади коментар