Во зградите да се врши дезинфекција најмалку два пати неделно
29-10-2020 РЕГИОН

Согласно донесените препораки,заклучоци и мерки од Комисијата за заразни болести при  Министерството за здравство и Владата на РС Македонија, заради порастот на бројот на заразени во Општина Кавадарци на ден 26.10.2020 Кризниот штаб за заштита и спасување на населението на Општина Кавадарци,донесе  заклучок:

 

- Управителите и претседателите на станбените згради во Општина Кавадарци,а доколку немате избрано самите станари да се организираат, НАЈМАЛКУ ДВА ПАТИ ВО

ЕДНА СЕДМИЦА ,задолжително да вршат дезинфекција на влезовите, заедничките простории, и лифтовите на сите станбени згради.

 

Доколку не поседувате средства и опрема може да ја подигнете на реверс од ЈП Комуналец. Ова се презема заради  заштита и спасување во врска со преземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

 

Доколку не ги почитувате дадените задолженија Согласно чл.19 и чл.59 од Законот за домување (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 99/2009, бр.57/10, бр,36/11, бр.54/11 ,бр.13/12, Бр.55/13,бр.163/13 и бр.42/14),и Согласно чл.3,чл,4 чл.5 и чл 67 од Законот за заштита и спасување на населението од заразни болести ќе следуваат законски  казнени мерки  - се вели во известувањето од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.



Share

Додади коментар