Земјоделците од населените места на општина Демир Капија од секогаш се занимаваат со одгледување на бостан на поголеми површини. За разлика од лани,годинава земјоделците од селата Прждево, Бистренци и од Корешница ги зголемија површините со оваа градинарска култура со цел да заработат пари за исхрана и наплата на давачките.
„Бербата на лубениците и на дињите ја започнавме пред десетина дена. Дневно се бере по околу еден тон бостан кој сме пренудени со запрежни коли и со тракторски приколки да го продаваме по улиците на Демир Капија. Моменталната цена е десет денари за килограм“ објаснуваат бостанџиите.
Тие се задоволни годинава од квалитетот но и од цената по која го продаваат родот. Бербата и пласманот на оваа градинарска култура ќе трае се до средината на идниот месец.

Додади коментар