Децата се непресушен извор на интересни и необични размислувања, а со секој поминат ден се повеќе и повеќе не изненадуваат, велат од детската градинка Праскичка во Росоман.Мали, но доволно возрасни зборуваат за себе, своите желби, но и правата кој ги имаат како деца.Доволно свесни знаат да разликуваат што смеат, а што не, што можат да очекуваат, а што со годините кои ги имаат не смеат да побараат, додаваат од Праскичка за дечињата згрижени во градинката.
Во име на своите права изминатата недела се образуваа и забавуваа и дечињата од оваа градинка. Низ најразлични активности учеа за правото на здрава храна, правото на смеа, образование, игра, послушност. Мали мозочиња со големи размислувања и насмевки кој едноставно не те оставаат рамнодушен. Есента, сообраќајот, подготовката на зимница тоа се се активности кои успешно дечињата од Праскичка ги реализираа изминатата недела.За крај го создадоа и дрвото на права. Со најразлични испишани детски права, расвцета дрвцето кое во оваа градинка ќе сведочи за една успешна кампања, детска недела, генерација која доволно знае за себе и своите другарчиња.
М.Младенова
Додади коментар