Нов паркинг ќе се гради во центарот на Велес. Според генералниот урбанистички план предвиден е да се наоѓа веднаш до малото мовче. Просторот и сега се користи за паркирање но тој е неуреден и тешко пристапен.Од локалната самоуправа велат приоритет е изградба на катна гаража но се уште се бара приватен партнер кој ќе учествува во реализација на проектот. Поради ова, од општина Велес велат дека во меѓувреме ќе се бараат дополнителни простори за изградба на паркинзи..
Паркирањето во Велес е долгогодишен проблем..Неколкуте паркинзи се недоволни за огромниот број возила.. Освен на граѓаните, недостигот од паркинг проблеми им созадава и на такси возачите..
Изминатиов период, општината изгради два паркинзи од левата страна на градот.. До стариот мост и наспроти центарот за вработување.. Според градоначалникот чадиев, изградбата на новиот паркинг кај малото мовче треба значително да го олесни паркирањето во центарот на градот..
Според плановите на локалните власти, можно е велес идната година да добие и монтажна катна гаража. Ќе се наоѓа на просторот пред локалната библиотека.
Зоран Јаневски
Додади коментар