Во Велес се воведува правилник за собирање отпад од пакување
26-11-2014 РЕГИОН

Општина велес воведува правилник за собирање отпад од пакување.. Во оваа категорија комунален смет припаѓаат картонски кутии од електронски апарати и мебел и секаков вид амабалажа која се употребува за пакување на производи.. Од локалната самоуправа велат дека собирањето на отпад од пакување е регулирано со закон.. Сите општини во државата имаат обврска да усвојат правилник за управување со овој комунален смет.

 

Правилникот за собирање отпад од пакување треба да го усвои општинскиот совет.. Неговата примена ќе ја спроведува јавното комунално претпријатие.. Според одлуката, дервен треба да воведе дополнителни термини во кои ќе се собира паковниот отпад од домаќинствата.. Обврска имаат и фирмите.. Во своите дворови ќе мора да постават контејнери кои ќе служат само за собирање на отпадот од пакување.. Одлуката на општинскиот совет предвидува и набавка на контејнери со различни бои кои ќе укажуваат дека служат единствено за депонирање на комунален смет од пакувања..

 

Примената на правилникот е дел од националната програма за постапување со отпад од пакување.. Според овој проект, во следните пет години сите општини треба да се вклучат во акцијата и да го складираат ваквиот комунален смет кој во 2020 е предвидено да се преработи.

Зоран Јаневски  



Share

Додади коментар