Во Велес само двајца заболени од грип
23-01-2015 РЕГИОН

Стабилна е состојбата со грип во Велес. Центарот за јавно здравје, од почетокот на годинава регистрирал само два случаја. Во истиот период лани бројот бил многу поголем. Епидемиолозите во јануари 2014 регистрирале над 200 носители на вирусот. Од центарот за јавно здравје велат дека можно е во моментов да има многу повеќе заболени од грип, но тие не бараат медицинска помош..

 

Променливото време и почетокот на школската година се главни причини за ширење на грипот, велат од Центарот за јавно здравје. Сепак ова е период кога освен грип, голем замав земаат и другите заболувања на дишните патишта.

 

Лекарите препорачуваат дека најдобра заштита од сезонските заболувања се внесување на свежо овошје и зеленчук, престој на отворено и проветрување на просториите.

Инаку минатиот месец центарот за јавно здравје регистрирал еден заболен од грип..



Share

Додади коментар